Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Младите Вардарци ќе играат за трето место на турнирот во Бугарија, по тешка борба Динамо З. излезе како победник

Младите Вардарци ќе играат за трето место на турнирот во Бугарија, по тешка борба Динамо З. излезе како победник

Генерацијата родени “2004“ година предмалку го одиграа полуфиналниот натпревар против своите врсници од Динамо Загреб, на турнирот во Благоевград. По тешка борба на теренот, на крајот се радуваше противникот со минимална победа од 1:0. Само еден гол го реши патникот во финалето, а тоа за жал ќе биде тимот на Динамо Загреб

Вардарци добро го одиграле овој натпревар и според информациите имале повеќе шанси да излезат како победници на овој дуел. По првото полувреме резултатот беше непроменет 0:0. При една сомнителна акција во нашиот шеснаесетник наводно Георг Стојановски играл со рака, па судијата се решил да покаже на белата точка. Овој “подарок“ од судијата, Загребчани го искористиле и успеале да ја затресат нашата мрежа.Имало ситуации кога истото можело да се досуди за нас, но судијата категорично одмавнувал дека нема ништо. Сепак нема што да им се замери на нашите момчиња, кои одиграле храбро и борбено во текот на целиот меч, а имале поголем посед на топка.

Утре во борба за треттото место ќе играме со поразениот од дуелот Славија-Војводина. Генерација “2003“ ги заврши настапите на турнирот на петтото место.