Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Марко Крстевски: Играњето во најтрофејниот и најголемиот клуб во Македонија е моја најголема привилегија, чест е што сум дел од Вардар

Марко Крстевски: Играњето во најтрофејниот и најголемиот клуб во Македонија е моја најголема привилегија, чест е што сум дел од Вардар

Младинската школа на фудалскиот клуб Вардар има голем број на бисери во неа, токму еден од нив е членот на најмладата генерација која изминатата сезона се натпреваруваше во детската лига, која стана шампион на Македонија. Се работи за Марко Крстевски кој уште од мал покажува голем потенцијал и квалитет да прерасне во голем играч. Незаменлив дел од генерацијата “2007“, момче без кое неможе да се замисли играта на неговата екипа. Вреден на теренот, максимално сконцентриран при секоја акција, борбено за секоја топка, навремени подавања до своите играчи, главен прекинувач на противничките акции, а често знае да се уфрли во нападот и да постигнува голови. Ова се одлики кои го красат еден од најдобрите играчи, што се вели “моторот“ во играта на оваа генерација. Неговиот почеток во фудбалот е многу интересен и несекојдневен, но талентот кај Марко е неспорен и многу лесно може да се препознае. Во следново интервју ќе можете да прочитате се за Вардаровиот бисер на ФК Вардар.

-Бев присутен на теренот на ФК Вардар гледајки ги скоро секој ден тренинзите на мојот постар брат Дамјан Крстевски кој игра во генерација 2006, кога на теренот ми пријде тогашниот тренер и координатор Павел Неделковски и ме праша дали сакам да тренирам. Јас веднаш му одговорив со “да“. Тој ме зема и ме однесе во старите соблекувални каде ми поклони еден пар копачки. Така да јас следниот ден се појавив на тренинг на Фк Вардар. Моите први почетоци се токму тука во Фк Вардар 2013 год на  петгодишна возраст под водство на тренерот Зоран Петковски. Подоцна не презеде тренерот Саше Тодоровски кој не тренираше краток период за да после тоа го наследи тренерот Томче Трајановски.  Фудбалската игра сега ја гледам како еден вид забава која прераснува во заедничка игра која води до успеси. Би сакал во иднина да го облечам дресот на првиот тим на Фк Вардар.

Тие немаа можност да се натпреваруваат во најновиот проект на фудбалскиот клуб Вардар, но секако ја следат и секако со нетрпение очекуваат да бидат дел од “Јуниор лигата“.

-За жал изминатава сезона имавме мало искуство со играњето во “Јуниор лигата“, но се надевам дека следнава сезона ке не опфатат со поголем број на одиграни натпревари во лигата. “Јуниор лигата“ носи размена на искуство , спортско дружење и одмерување на силите со клубовите кој се дел од оваа лига. Овој проект е одличен за напредокот на фудбалот кај нас. Играњето во најтрофејниот и најголемиот клуб во нашата држава е моја најголема привилегија што сум дел од него.

vardarfans-sampioni-2007-660x330

Голем успех направија Марко и неговата екипа, која успеа на завршниот турнир да ја освои детската лига. Патот беш долг и тежок, но овие момчиња ги поминаа сите пречки до искачување на врвот.

-Се започна кога во 2015 год тренерот Томче Трајановски не пријави на турнирот на Фер Плеј и го освоивме 2 место. Од таму тргна цела работа со пријавување на уште неколку турнири и паралелно играње на детска лига. Игравме опуштено цела сезона дел за Вардар 1 дел за Вардар2. На крај тренерот состави тим со кој ја освоивме детската лига која за мене има голем успех во кој се заслужни сите деца што тренираме.

Во новата сезона тренер на младите Вардарци од “2007“ година ќе биде Зоран Петковски, кој веќе има искуство во водење на најмалите.

-За некој нов тренер, но за мене секако познат бидејки првите чекори ми беа токму кај овој тренер. Во оваа сезона очекувам многу победи и секако да го повториме успехот од минатата сезона.

vardarfans-20072-660x330

Со трофеј започна предсезоната за најмладата Вардарова генерација. На турнирот во Охрид, на кој учествуваа голем број на екипи, оваа генерација го освои првото место.

-Турнирот во Охрид кој се погоди со кампот што го организираше Фк Вардар пројде со огромен успех и задоволство кај сите деца. Максимално ги одигравме сите утакмици кој и тоа како беа напорни поготово последниот ден каде одигравме 4 утакмици по пеколни временски услови. Иако исцрпени, победата и императивот за прво место беше посилно од нас, каде на крајот се закитивме со првото место. Би сакал на сите деца да им порачам да се запишат и бидал дел од големото семејтво на Фк Вардар, изјави Марко Крстевски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски