Вардаровата генерација “2003“ со победа ги заврши настапите на турнирот во Благоевград. Утрово избраниците на Томче Трајановски во борба за петтото место беа подобри од екипата на Славија. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 2:0 во корист на Вардар.
Одлично издание за нашите млади надежи кои целосно ја надиграа противничката екипа. По првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0. Во вториот дел ја осигуравме победата, со погодоците на одбранбениот играч Филип Ѓоргоски и напаѓачот Марио Петрушевски, за конечни 2:0 на овој меч.
На овој начин генерација “2003“ заврши на петтото место на силниот турнир кој изминативе дена се игра во Благоевград. Во групната фаза беа забележани два порази и еден нерешен резултат. Денес нивните другари од генерација “2004“ го играат полуфиналето против екипата на Динамо Загреб, натпревар кој ќе започне од 17 часот. Им посакуваме многу среќа на нашите млади момчиња, кои ќе се обидат да изборат пласман настап во големото финале.