Денеска ФК Вардар генерација ”2004” го одигра натпреварот за третото место на турнирот во Благоевград. Нашите млади момчиња загубија од Славија Софија со резултат 1-0 (0-0). Голот за Славија Софија бил постигнат пред крајот на натпреварот, односно во завршната минута.
Нашите момчиња исто така и на натпреварот против Динамо во 1/2 финалето не успеаа да победат, иако и на тој натпревар исто како и на овој, нијански и спортска среќа го решија победникот. Ова беше последен натпревар за нашите играчи. По овој натпревар генерацијата се враќа во Скопје.