Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на Андријана Будимир држат лекции по ракомет, три победи во еден ден за Вардарци

Пионерите на Андријана Будимир држат лекции по ракомет, три победи во еден ден за Вардарци

Пионерите на ракометниот клуб Вардар имаа убедлив старт на турнирот “Дубрава 2016“. Дури три натпревари за црвено-црните на денешната програма и три убедливи победи за избраниците на Андријана Будимир. Цлосна доминација на сите три меча, на кои ниту во еден момент не беше доведена победата во прашање.

На првиот меч утрово се сретнавме со екипата на Павлеки. Уште по првото полувреме беше јасно кој ќе ги освои првите бодови во групната фаза. Добрата одбрана на нашите млади надежи беше еден од сегментите кој функционираше безпрекорно. Првиот дел го добивме со резултат 17:6. Исто толку голови примивме и во второто полувреме, но од друга страна Вардарци беа супериорни во нападот. Јасно му беше на противникот дека нема што да бара на овој дуел, па гледаше со што помала негатива да го заврши мечот. Сепак конечниот триумф беше и повеќе од убедлив, изразен со резултат 35:12.

vardarfans turnir

Во попладневниот термин, за втор противник ја имавме домашната екипа на Дубрава. И на овој меч уште од самиот старт Вардар го контролираше резултатот и беше подобар на теренот. Дубрава се обидуваше да парира на нашиот тим, но тоа помина безуспешно. Повторно игравме одлично во одбраната, каде дозволивме да примиме само 5 погодоци, наспроти нашите 11 постигнати. Оваа предност на Вардарци се одржуваше и во текот на целото второ полувреме, иако во еден момент успеавме да поведеме и со највисоки 8 голови разлика. Дубрава немаше сили да се врати во мечот и да направи нешто повеќе, само успеа да го ублажи поразот. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 17:24.

Само после еден час од овој натпревар, избраниците на Будимир одиграа уште еден, вкупно трет на овој турнир. Противник ни беше солидната екипа на Вараждин 1930. Нашите млади надежи дефинитивно денес се надминаа и одржуваа лекции по ракомет на теренот. Натпреварот го започнавме фуриозно, со серија од неколку погодоци, што ни овозможи веднаш да се одлепиме резултатски од противникот. Како одминуваше мечот се повеќе ја зголемувавме предноста. По првото полувреме резултатот беше 9:16. Во вториот дел само го зголемувавме водството, кое на крај беше изразено во десет голови позитива. Конечниот резултат гласеше 16:26.

vardarfans pobeda

Само позитивни зборови за избранците на Андријана Будимир, кои денес го претставија Вардар во најдобро можно светло. Во очекување сме и во текот на утрешниот ден да продолжиме со победите и да имаме можност да се бориме за златниот медал.