Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Алексовски прави чуда на голот, Велковски и Николов одлични, Македонија чекори кон ЕП

Алексовски прави чуда на голот, Велковски и Николов одлични, Македонија чекори кон ЕП

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година продолжува да ја покорува Европа. Вчера момците на Благоја Милевски одиграа одличен машки фудбал, изгинаа за Македонија и славеа нова победа, овој пат во Шкотска против фаворизираната домашна репрезентација. Нашите момци продолжуваат да чекорат по вистинскиот пат, кој за нас значи чудо, чудо наречено пласман на едно ЕП. Никогаш не сме биле по блиску. Во вторник нашите момци ќе докажат дека ова е златната генерација на Македонија, генерација која ќе има светла иднина и во сениорската репрезентација.

Нашите Вардарци одиграа беспрекорно. Игор Алексовски… Што да се каже за овој голман? Алексовски го даде својот максимум од себе, иако во финишот играше со повреда на ногата. Сепак, Алексовски храбро го одбрани нашиот гол. Велковски… Даре покажа уште еднаш дека во него лежи голем фудбалски талент. Фудбалер кој мора да игра во првиот тим на Вардар. Николов… овој играч одигра исто така одличен натпревар. Нашиот играч заедно со Бабунски и Барди командуваа на средината на теренот.

Сепак, секоја чест за сите момци кои настапија на овој меч. Работата мора да биде успешно завршена во вторник на нашиот Градски стадион во Скопје.
Капа долу момци! 

Фото: ФФМ