Младинците на РК Вардар на првиот ден на турнирот во Загреб, “Дубрава 2016“ забележаа две победи и еден пораз Избраниците на Слободан Чивлачки одиграа дури три меча во еден ден.
Првиот натпревар го добивме против екипата на Сесвете, тесно со резултат 25:26. Нашите момци во најголем дел од натпреварот имале водство, кое го зачувале до самиот крај. На полувреме исто така имавме водство од 12:13. Самиот резултат говори за израмнетоста на силите на теренот. Сепак Вардарци имале повеќе сили за триумф.
Противник на вториот дуел ни беше екипата на Вараждин 1930, на кој го забележавме и првиот пораз на турнирот. Тука Хрватскиот претставник го контролирал резултатот и уште од самиот почеток имал постојано водство. По првиот дел противникот имал солидни пет гола предност (16:11). Во вториот дел Вардар се обидел да се врати во мечот, но Вараждин умешно го сочувал стекнататото водство. Конечниот реултат гласеше 27:23.
Овој пораз воопшто не ги обезхрабри Вардарци, кои на последниот меч од вчерашниот ден триумфираа против тимот на Павлеки. Слично како и на првиот натпревар, победата ни припадна нам, со со минимален резултат. По првото полувреме имавме водство од 11:9, кое го зачувавме до самиот крај. На моменти имавме и повеќе од два гола позитива. Конечниот резултат гласеше 28:26.
Денес на програмата се останатите два натпревари од групната фаза. Утрово играме со домашната екипа на Дубрава, додека на другиот меч се среќаваме со екипата на Загреб.