Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Стоименов за третта последователна победа на Вардаровите кадети во новата сезона

Стоименов за третта последователна победа на Вардаровите кадети во новата сезона

Денес на теренот во населбата Јане Сандански се одигра натпревар во конкуренција на кадети, помеѓу екипите на Вардар и Милано. Уште една победа за оваа генерација во новата сезона и со максимални девет бода по првите три одиграни кола.

Тренерот Колев стартуваше со следниве 11-сетмина: Тимевски, Кировски,Јордановски, Серафkadetiteимов, Насковски, Менкиновски, Спировски, Петревски, Трајчевски, Стоименов, Абдула Шкор.

Првата шанса на овој натпревар ја имаше екипата на Милано, но нивниот удар завршува покрај гол. Црвено-црните ја преземаа иницијативата на теренот, имаше повеќе посед на топка во продолжение од мечот. Гостинскиот тим изведе слободен удар, топката удри во нашиот жив ѕид и завршува во корнер покрај голот на Тимевски. Во текот на целото прво полувреме се играше речиси без ниту една поголема шанса. Капитенот Александар Трајчевски се обидуваше да направи нешто посериозно, но денес беше добро затворен од противничките играчи. Шутираше но топката завршува покрај голот на Милано. До крајот на првиот дел во шанса се најде и Дејан Стоименов, кој имаше можност да оди уште чекор понапред, но се реши да бие чиј удар завршува далеку од противничкиот гол.

vardarfans kadeti

Советите на тренерот Колев вродија со плод на стартот на второто полувреме. Црвено-црните успеваат да го отворат резултатот и да поведат со 1:0. Стрелец на голот беше Дејан Стоименов. Веднаш по голот имавме можност да го зголемиме резултатот, но Никола Серафимов за малку биеше непрецизно. Вардарци како препородени во второто полувреме. Се играше акција од десната страна нафрлена топка во противничкиот шеснаесетник, највисок во скокот беше Трајчевски кој биеше со глава. Голманот со помош на стативата успеава да го скроти ударот, но одбиената топка наиде на Стоименов кој ја сместува во голот на Милано за водство од 2:0 и воедно втор погодок за овој играч. Во продолжение од мечот нашите кадетите умешно ја одржуваа оваа предност и со игра воглавно на средината на теренот го трошеа времето. Милано беше целосно отсечен од нашиот гол, како да немаше сили во овој дел од мечот да им парираат на црвено-црните. Стоименов имаше уште една убава можност да постигне хет-трик, се обиде со лоб удар го загрози голот, но неговиот удар беше прекраток.  Немаше поголеми возбудувања во последните десет минути, па натпреварот заврши со резултат 2:0.

Продолжува добрата серија за кадетите во новата натпреварувачка сезона. Максимални девет бода по првите три одиграни кола за црвено-црните.