Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците со три гола во мрежата на Милано, за третта победа во лигата

Младинците со три гола во мрежата на Милано, за третта победа во лигата

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до треттата последователна победа во првенството, откако денес беа подобри од екипата на Милано. На теренот во населбата Јане Сандански, црвено-црните успеаа да триумфираат со резултат 3:0

Сосема заслужена победа за нашите младинци, кои имаа доминација во текот на целиот меч. Противникот го имаше првиот удар кон голот на Трајчевски, но топката завршува покрај нашиот гол. Повратникот во екипата Виктор Димков денес беше дост активен на теренот. Тој беше првиот играч кај нас кој упати удар над голот на Милано. Вардарци продолжија со офанзивната игра, што им овозможи да создадат неколку шанси. Таквата игра брзо даде резултат, откако Вардар успева да поведе со 1:0. Борјан Тодоровски уфрли топка во противничкиот шеснаесетник, беше избегната офсајд замка, на топката стигна најпрво Додевски кој беше во дозволена ситуација, за момент противничкиот голман одбрани, но Александар Најдоски се најде во вистиснак позиција и шутираше прецизно во мрежата. Нашите малдинци по постигнување на голот имаа прилика преку Андреј Ричков, кој биеше со глава, но голманот на Милано со крајни напори исфрла во корна. До крајот на првиот дел уште еден погодок за Вардар, овој пат дело на капитенот Есмин Личина. Половина погодок се препишува на Димков кој од лева страна направи соло продор се ослободи од противничкиот играч уфрли топка во противничкиот шеснаесетник, која стигна до Личина а овој со голем осет со глава ја смести топката во голот на Милано. Со резултат 2:0 се замина на полувреме.

vardarfans mladinci

Прв кој се закани во второто полувреме, беше Дарко Додевски, кој шутираше непрецизно и надвор од рамките на голот на Милано. Есмин Лична од слободен удар бие во рацете на добро поставениот голман. Продолжија добрите акции, овој пат Теодор кој уфрли прецизна топка до Најдоски, но овој со глава имаше слаб удар, кој беше лесен плен за противничкиот голман. Беше направена и првата измена во нашиот состав. Во игра влезе Оливер Дишлиевски, на местото на Јасир Беќири. Нова прецизна топка од Димков за Најдоски, кој за малку беше прекраток со лоб удар по трет пат да го матира голманот на Милано. Нововлезениот Дишлиевски беше соборен во противничкиот шеснаесетник, по што судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Виктор Димков, за водство од 3:0. Овој резултат се покажа како конечен на крајот од натпреварот.

ФК Вардар: Трајчевски, Б. Тодоровски, Исмаил, Ричков. Т. Тодоровски, Додевски, Димитровски, Личина, Димков, Беќири, Најдоски.