Вчера фудбалската Академија на ФК Вардар ја започна новата сезона. Свој првиот тренинг имаа новите членови на Вардар запрвпат тие беа на терените и се запознаа со своите соиграчи и тренери. Сеуште може да се запишуваат деца се до 15-ти месецов, во веста за тоа клубот вели:
Во ерата на современа технологија која го привлекува вниманието на сите нас, па и на децата, можеме да им помогнеме преку игра и дружење да запознаат некои други вредности и созревајќи на вистински начин да станат и вистински луѓе. Нудиме совладување на темелите и основите на фудбалската игра, со личен контакт и татковски совет да ги стекнат основите на животното искуство. Едноставно, ви нудиме игра, забава и дружење. Побрзајте да се дружиме, уписите се отворени до 15-ти септември!