Денес на програмата е дербито во регионалната СЕХА Гаспром лигата, помеѓу црвено-црните и Веспрем, истото ќе се игра вечер во 20 часот и 30 минути во спортскиот центар “Јане Сандански“. Тренерот и пикерот на гостите дадоа изјави за овој дуел.
Андреас Нилсон пикерот на Веспрем: Ова ќе биде нашиот најтежок натпревар на сезоната досега. Во минатото сите наши меѓусебни дуел биле многу тешки и јас не се сомневам дека и сега ќе биде тешко. Ние мора да се подготвиме многу добро ако сакате да ги освоиме за сите три поени. Тие се посилни од минатата сезона и нивниот тим е во топ форма во моментот. Се надевам ќе бидеме барем малку подобри во сабота и ќе ја зграпчиме победата.
Тренерот на Веспрем Чави Сабате вели: Вардар сезонава е повторно е голем кандидат за пласман на завршниот турнир од СЕХА лигата и Л.Ш. ,тие се еден од најдобрите тимови во Европа. Имаат одличен тренер, кој сега има уште посилен тим отколку минатата сезона и очекувам многу тежок натпревар. Ние сме од другата страна во не баш најдобра форма, но сепак задоволувачка. Вардар ќе има неверојатна поддршка од навивачите, како и секогаш на нивните домашни натпревари.