Saturday ,21 September 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (Фото+Видео) Вардар со победата вчера изби на лидерската позиција во првата лига

(Фото+Видео) Вардар со победата вчера изби на лидерската позиција во првата лига

Вчера вардарци одиграа гостински меч кај тимот на Македонија Ѓ.П кој го добија убедливо 0-4 (0-1). Со оваа победа ја заземавме лидерската позиција во ПМФЛ (фото), на која сме пред тимовите на Работнички и Пелистер. Нашиот конкурент единствен за титулата Шкендија “киксна“ во Штип каде одигра нерешено, пред нив сме 6 бода со меч повеќе. Шефот на црвено-црните Седлоски мечот го одигра со следните играчи: 90. Гачевски, 19. Хамбарџумјан, 6. Грнчаров, 21. Новак, 7. Љамчевски, 16. Глигоров, 14. Велковски (од 57 мин. 8. Спировски), 11. Асани (од 63 мин. 20. Николов), 70. Фелипе, 10. Којашевиќ (од 75 мин. 97. Петковски), 89. Боарето. Стрелци на погодоците за ФК Вардар беа : Грнчаров 37.минута,  Боарето 73.минута, Николов 76.минута и  Глигоров во 85. минута од овој првенствен дуел. Видеото од вчерашниот меч може да го погледнете во продолжение: