Вардарци полесно од очекувањата стигнаа до победа против екипата на Целје Пивоварна Лашко. На натпревар од сеха-лигата нашиот ракометен шампион ја покажа својата сила и моќ и убедливо го порази шампионот на Словенија на гостински терен. Само 15 минути Целје беш рамноправен противник, а до крајот на мечот црвено-црните го контролираа резултатот и имаа висока предност. Ова беше четврта последователна победа во сеха-лигата. На прес-конферанција после завршување на натпреварот се обратија тренерот Гонзалес и голманот Штербик.
-Се подготвувавме за овој натпревар како да е финале. Тука игравме и пред две сезони и тогаш беше многу тешко да се победи. Сега беше добро за нас. Одбраната добро одигра и во контра се снајдовме. Во првото полувреме се функционираше добро, а во второто имавме ден период кога имавме проблеми. Среќни сме, но знаеме дека ова е само игра и еден натпревар. Но, триумфот многу ни значи, изјави Гонзалес
Арпад Штербик го бранеше цел натпревар и забележа 15 успешни интервенции и беше еден од најзаслужните за убедливата победа.
-Паднаа многу голови, сите влечеа на брз центар и брза игра. Целје има добра екипа, и знаеме дека треба уште еднаш да дојдеме тука да играме во лигата на шампионите. Денеска не бев сигурен дека ќе победиме така лесно. За ЛШ уште повеќе ќе стравувам. Во ЛШ не верувам дека така лесно ќе ги добиеме, со многу лесни голови,многу пресечени топки како што тоа вечерва беше случај, рече Арпад Штербик.