Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Мартин Игнов: “Јуниор лигата“ е одличен проект на РК Вардар, од кој ние младите треба да имаме големи придобивки, играњето во Вардар значи голем чекор во мојата кариера

Мартин Игнов: “Јуниор лигата“ е одличен проект на РК Вардар, од кој ние младите треба да имаме големи придобивки, играњето во Вардар значи голем чекор во мојата кариера

Пред нас е првата сезона од ракометната “Јуниор лига“, а полека се ближи почетокот на новата натпреварувачка сезона. Се повеќе се зголемува интересот на ракометните школи да бидат дел од овој голем проект на ракометниот клуб Вардар кој им ги нуди сите услови за функционирање на лигата на највисоко можно ниво. Добрата и беспрекорна организација е препознаена од многу школи низ цела Македонија, кои се приближуваат кон овој проект, кој има за цел да ги соедини сите школи во земјава. За некој оваа лига се покажа како голем чекор во својата понатамошна кариера. Мартин Игнов изминатата сезона ја помина како член на РК Бисинов-Вардар.

-Почнав да тренирам во РК Велес 09 на осумгодишна возраст. Пораснав во семејство каде што ракометот е број 1 спорт, па од таму ми е желбата да бидам ракометар. “Јуниор лигата“ е одличен проект на РК Вардар, од кој ние младите треба да имаме големи придобивки. Лигата предводена од еминентни тренери многу добро функционираше првата година, а не се сомневам и за понатаму. “Јуниор лигата“ е место во кое можеме да се покажеме и докажеме и да одиме напред. Минатата сезона со екипата РК Бисинов- Вардар помина добро, во групата немавме пораз ниту нерешен резултат, што ни помогна да бидеме во ф4 турнирот на кој освоивме третто место. Задоволен сум од нашата екипа и од самиот себе.

Во новата сезона Мартин ќе настапува за младинците на ракометниот клуб Вардар, кои ќе ги преводи тенерскиот тандем Чивлачки-Грчевски. Игнов е еден од неколкуте играчи кои преку “Јуниор лигата“ добија шанса да бидем дел оваа екипа на Вардар.

-Во ова натпреварување имав добри партии кои ми помогнаа сега да сум дел од младинската екипа на РК Вардар. Го дадов максимумот што резултираше со остварување на сонот. Бев повикан на селекциите во мај и очекував да бидам примен во РК Вардар. Потоа добив повик од тренерот Слободан Чивлачки, кој ми пренесе дека сум примен во РК Вардар. Ова за мене значи голем чекор напред за мојата кариера. Во оваа сезона очекувам добар пласман во младинската лига затоа што во екипата има прекрасна хемија.

Новата сезона во младинската лига ќе започне на 14/15 октомври. Оваа генерација беше дел од турнир во Загреб, на кој го освои петтото место.

-Подготовките течат напорно и професионално за почетокот на новата сезона. Во Загреб освоивме петто место, не сум задоволен затоа што можевме повеќе. Задоволен сум од игрите на мојот тим, и од мојот личен придонес, изјави Мартин Игнов за нашиот сајт.

Звонко Ивановски