Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Три победи и нерешен резултат во дуелите со Брегалница

Три победи и нерешен резултат во дуелите со Брегалница

Изминатиов викенд се одигра петтото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Вардаровите генерации за противник ја имаа екипата на Брегалница од Штип. Беа забележани три победи и еден нерешен резултат.

Помладите пионери полека влегуваат во посакуваната форма, остварувајќи две убедливи победи на последните меча. Постигнаа вкупно девет голови на два меча, што говори за нивната ефикасност. Во неделаа ја совладавме екипата на Брегалница на гостински терен со резултат 1:4 и тоа со пресврт во второто полувреме, откако имавме негатива од 1:0. Само 25 минути им беа потребни на Вардарци да го скршат отпорот на противникот и да ја наполнат нивната мрежа. Свое голгетерско “шоу“ имаше Бојан Димоски кој постигна хет-трик, додека еден гол беше дело на Малик Хасановиќ. Двајцата на почетокот на сезоната го засилија Вардар.

Пионерите неочекувано загубија два бода на гостувањето во Штип, играјќи само со нерешен резултат и тоа без погодоци 0:0. Има за што да жалат нашите млади надежи, кои пропуштија голем број на шанси, но среќата воопшто не беше на наша страна на овој натпревар. Промашивме и удар од белата точка, додека на два пати ја погодувавме и стативата од голот на Брегалница. Ова беше прв нерешен резултат за избраниците на Тодоровски во новата сезона, откако претходно наредија четири последователни победи.

Стана навика да ги гледаме кадетите како се враќаат од негатива и победуваат. Четврти натпревар избраниците на Влатко Колев после водство на противникот резултатски се враќаат во игра и победуваат. Овој пат многу поубедливо со резултат 9:1. Гостите од Штип први го отворија резултатот, но следуваше вистинска голеада во противничката мрежа до крајот на натпреварот. Ова беше петта победа за црвено-црните од исто толку натпреаври и со максимални 15 бода се зацврстија на првото место на табелата.

Максимален број на освоени бодови имаат и Вардаровите младинци, кои на домашен терен беа подобри од екипата на Брегалница. Со половина сили избраниците на Марковски стигнаа до победата. Димков, Најдоски и Папуџиев донесоа нов триумф и бодови за оваа екипа. На 27 ми септември нашите младинци ги очекува натпревар од лигата на шампиони, против екипата на Салцбург и тоа на гостински терен.