Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Историско деби за македонски клуб во младинската Л.Ш. Вардар игра со Салцбург на 27 септември

Историско деби за македонски клуб во младинската Л.Ш. Вардар игра со Салцбург на 27 септември

Судбината сакаше историјата на прв учесник во младинската УЕФА Лига на Шампиони да ја испише фудбалскиот клуб Вардар, односно неговите младинци. Избраниците на Љупчо Марковски-Калц  ќе дебитираат во  Лигата на шампионите  против екипата на Салцбург. Познат е веќе и терминот,  мечот е закажан за на   27 септември со почеток во  18-00 часот.

mladinci

Домаќините ја одредија локацијата  за одигрување, дуелот ќе се одигра во Гродиг, на „Унтерсберг арена“ ,  која има капацитет од 4.128 гледачи и истата е реновирана во 2013 година. Во сезоната 2016/2017 Л.Ш за младинци ќе  има таков форматот во кој ќе учествуваат фудбалери на возраст до 19 години во  повеќе фази и со проширен број учесници. Вардар минатата сезона стана  шампион на Македонија  во младинска конкуренција и ќе настапува во онаа фаза на шампионската лига  во која се наоѓаат  шампионите на 32 земји и кои  мораат  да минат по  две кола, за да играат во следната  плеј-оф фаза. Избраниците на Марковски треба да бидат подобри во двомечот со  Салцбург и да го минат подобриот од  двомечот Динамо Тбилиси и Каират Алмати, за да обезбедат место  плејоф фазата. Таму се вкрстува со една од  осумте второпласирани екипи од другиот шешир во ЛШ. Тој друг шешир е исто така составен од 32 екипи, кои  се сите клубови кои имаат учесници во сениорската шампионска лига.