Вардарци не застануваат со победите во сеха-лигата. Нова вкупно петта последователна победа за нашиот ракометен шампион во ова натпреварување. После дебаклот на Целје, Татран Прешов беше новата екипа која со голема негатива го заврши мечот против Вардар. Речиси со половина сили, без Дибиров и Штербик на голот кој беше на клупата, успеавме да стигнеме до уште еден голем триумф во сеха-лигата. Резултатот на крајот гласеше високи 38:21. На прес-конференција по завршување на мечот се обратија тренерот Гонзалес и Мартин Поповски.
-Задоволен сум од резултатот, и сакам да им честитам на играчите што добро одиграа. Ни беше тешко зашто ни требаше концентрација. Имавме добра одбрана 5-1 со добар голман во првото полувреме кога ја направивме разликата. Вториот дел го одгравме исто добро, со ист интензитет. Се радувам дека одигравме добри натпревари и на сите игравме максимално добро, изјави Раул Гонзалес.
Шанса за настап во последните 15 минути од натпреварот доби и десното крило Марин Поповски, кој на вистински начин ја оправда довербата од тренерот Гонзалес. Поповски успеа да постигне два гола од својата позиција. Тој искажа благодарност за укажаната шанса, со надеж дека Вардар во следните мечеви ќе биде уште подобар.
-Сакам да му се заблагодарам на тренерот што му даде шанса да играм на СЕХА натпревар. Оваа работа со младите категории во Вардар се надевам дека во иднина ќе дадат и повеќе млади ракометари. Улогата на фаворити ја оправдавме. Не очекуваат следни силни натпревари, и ова беше само увертира, и верувам ќе бидеме уште подобри, рече Мартин Поповски.