Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар Јуниор во сабота го игра првиот домашен меч сезонава во Супер лигата, домаќини сме на Пролет

РК Вардар Јуниор во сабота го игра првиот домашен меч сезонава во Супер лигата, домаќини сме на Пролет

Престојниот викенд на програмата е новото, второ коло во машката суперлигашка ракометна конкуренција. Подмладениот состав на РК Вардар Јуниор во истото ќе го игра првиот домашен дуел сезонава. Во деби колото сезонава на домашен терен домаќини сме на скопскиот ривал екипата на РК Пролет 62. 

Мечот е закажан за во сабота, на 24-ти септември, тој ќе се одигра во спортско рекреативниот центар “Кале“ каде овој сениорски црвено-црн тим ги игра домашните натпревари во лигата и купот. Избраниците на Стојан Петрушевски сезонава ја стартуваа со гостински дуел во Прилеп кај истоимениот машки ракометен тим. Во тој меч го плативме “данокот на неискуството“, нашите млади момци имаа голем пад во играта во второто полувреме на гостувањето , и загубија со 31-24, а пак на полувремето отидоа минимална негатива од 13-11. Тој меч најистакнат во нашиот состав беше Мартин Манасков кој постигна седум гола. Нашите противници за дуелот во сабота во првото коло одигаа слаб меч кога дома изиграа реми 26-26 со младиот состав на РК Металург-2. Во третото коло според распоредот во Супер лигата гостуваме во Радовиш кај тимот со истоимено име.