Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Христи Бикоски: Оваа сезона ќе биде многу напорна, но ние никогаш не се откажуваме, така да очекуваме најмалку злато во едната од двте лиги

Христи Бикоски: Оваа сезона ќе биде многу напорна, но ние никогаш не се откажуваме, така да очекуваме најмалку злато во едната од двте лиги

Кадетите на ракометниот клуб Вардар изминатата сезона ја завршија како вицешампиони на Македонија. На завршниот турнир кој се играше во салата во Автокоманда, избраниците на Слободан Чивлачки беа тесно поразени од екипата на Металург. Претходно во полуфиналето бевме подобри од екипата на Работник. На тој начин успеавме да го освоиме второто место во првенството на Македонија. Еден од играчите кој и и во новата сезона ќе биде дел од кадетите и младинците на РК Вардар е Христи Бикоски за кого е ова втора сезона во дресот на Вардар.

-За минатата сезона можам да кажам дека беше исклучително тешка и напорна, но со добрите тренинзи и добрата работа се изборивме за сребрен медал во кадетската лига. Секако не сме задоволни со тоа, но со оглед на тоа дека бевме малку време заедно мислам дека е добар успех и во иднина се надеваме дека ќе стигнеме и до врвот.

Нова сезона и нови очекувања за кадетската и младинската екипа на Вардар, која ќе обиде да стигне до врвот во двете возрасни генерации.

-Подготовките течат релативно добро .Имаме од 5 до 7 тренизи неделно. Се спремаме со висок праг на мотивација за следната сезона и напорно работиме и се надеваме дека ќе биде добра сезона за нас.

Екипата имаше можност да биде дел од силен меѓународен турнир “Дубрава 2016“ кој се одигра во Загреб. На него Вардар на крајот го освои петттото место.

-Впечатоците од турнирот од Загреб се релативно добри. Игрите на овој силен турнир ни беа променливи. Имаше квалитетни екипи со кои се боревме, но во клучните моменти ни падна концентрацијата и ги загубивме. Можевме да стигнеме и до медал, но уморот си го направи своето. Сепак никогаш нема да се откажеме од зацртаната цел. Имаме желба, имаме мотив и со напорна работа одиме на повисоки места на следниот наш турнир.

14442706_1732371273679359_1796232248_n

Оваа генерација во новата сезона ќе биде засилена со некои нови имиња, а дел од нив влегоа преку Јуниор лигата.

-Во екипата се тече одлично. Јас многу добро се вклопив во оваа екипа. Има неколку нови таленти кои се за прв пат во Вардар, но со тек на време мислам дека и тие ќе се воиграат и ќе воиграме за сезоната што ни претстои.

Ова ќе биде втора сезона за Бикоски во црвено-црниот дрес, откако дојде од екипата на РК Филип. Тој имаше можност да биде  избран од селекцијата на млади ракометари, во проектот на ракометниот клуб Вардар да ги регрутира и избере најдобрите од сите пријавени.

-Секако дека ми недостига мојот роден град Прилеп, но желбата за врвот е појака од се и мислам дека можам да издржам. Во текот на слободното време го посетувам и тоа ми дава се поголема и поголема надеж дека можам да успеам. Скопје како и секој град има свој мирис. Со тоа што е главен град можам да кажам дека многу ми се допаѓа, но родениот крај неможам да го заменам со ништо.

Во новата натпреаврувачка сезона, која треба да започне на средината на месец октомври оваа екипа предводена од Чивлачки и Грчевски ќе се натпреварува во две категории, како кадети и младинци.

-Со оглед на тоа дека играме и кадетска и младинска лига оваа година мислам дека ќе биде многу напорно, но ние никогаш не се откажуваме така да очекуваме најмалку злато во едната од тие две, изјави Христи Бикоски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски