Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вуко Борозан: Во вистински момент доаѓа натпреварот во ЛШ, против тимот на Кристијанштад

Вуко Борозан: Во вистински момент доаѓа натпреварот во ЛШ, против тимот на Кристијанштад

Нашиот ракометен шампион продолжува со добри игри во сеха-лигата, забележувајќи ја петтата последователна победа. После Металург, Веспрем, Загреб и Целје, нова “жртва“ за избраниците на Раул Гонзалес беше екипата на Татран Прешов. Се очекуваше шампионот на Словачка да пружи посилен отпор, но неможеше да стори ништо повеќе против разиграниот тим на Вардар. Сите елементи во нашата игра функционираат беспрекорно и секој играч максимално ги одработува минутите кои ги добива на теренот. Радува добрата форма на сите наши играчи, кои подготвени ќе го дочекаат првиот меч во лигата на шампионите. Засилувањето кое пристигна ова лето, Вуко Борозан го одигра второто полувреме и успеа да постигне три гола, од кои последниот беше “бомба“ удар кој тешко го бранат и двајца голмани и сигурно многу ќе се врти на екраните. Тој во изјава за сајтот на СЕХА Гаспром лигата даде кратко видување за одиграниот меч.

-Најпрво да им се заблагодарам на моите соиграчи на ангажираноста и борбеноста, како и на екипата на Татран Прешов за фер и коректната игра. Мислам дека полека ја подигнуваме нашата форма, играме се подобро и во вистински момент ќе го дочекаме првиот меч од лигата на шампиони, против екипата на Кристијанштад, изјави Вуко Борозан