Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Марко Киш: Најубав момент ми е кога со своите соиграчи ќе се гушнеме после секој тренинг или натпревар и силно ќе го извикаме името Вардар

Марко Киш: Најубав момент ми е кога со своите соиграчи ќе се гушнеме после секој тренинг или натпревар и силно ќе го извикаме името Вардар

Вардаровата генерација родени “2007“ година успеаа изминатата сезона да се закити со златниот медал, освојувајќи го првото место во детската лига, во својата најмлада генерација. Член на неа е токму Марко Киш, кој имаше важна улога во добрите игри и резултати на својата екипа. Интересен играч за следење со голем осет за фудбалската игра. Неговите квалитети допрва треба да доаѓаат до израз, а потенцијалот кој го поседува е несомнено присутен кај малиот Марко. Во наредново наше интервју ве запознавме токму со Марко Киш, кој како станува повозрасен треба да се развива во квалитетен играч чие време допрва доаѓа.

c

-Почнав да се занимавам со фудбалот уште од мали години заедно со моето помало братче Матеј. Првиот пат кога заиграв фудбал ми беше во градскиот парк каде што сфатив дека тоа е мојот омилен спорт. Овој спорт беше моја прва желба, највеќе ме поттикна мојот татко кој и ден денес ме подржува и бодри на секој тренинг и натпревар. Фудбалот за мене е најважен бидејќи тој ми создава здрава животна навика. Моите први почетоци се токму тука во најдобриот, најтрофејниот и професионалниот фудбалски клуб Вардар. Првиот тренер кој ме превзема да тренирам во клубот е Зоран Петковски. По неколку месеци тренирање не превзема тренерот Саше Тодоровски, а потоа ни беше тренерот Томче Трајановски кој не тренираше подолг период. Од пред неколку месеци повторно тренер ми е Зоран Петковски со кој успешно ја стартувавме оваа сезона. 

Желбата на малиот Марко е еден ден да игра во првиот тим на овој клуб и секако репрезентацијата на Македонија.

-Јас фудбалската игра ја гледам како забава и тимско дружење, а во иднина сакам да заиграм за првиот тим на ФК Вардар и во Репрезентација на Македонија.

c2

Иако не се натпреваруваат во оваа лига, истата е од големо значење за секој член на Вардар.

-Проектот “Јуниор лига“ е одличен за нас и има големо значење бидејќи ни овозможува да се натпреваруваме со различни екипи од другите региони во Македонија.

Вардар функционира како едно големо семејство, а типичен пример за тоа се токму нашите најмлади членови од генерација “2007“.

-За мене играњето во Вардар ми значи многу затоа што е најпознат, најтрофеен и најдобар клуб во Македонија и пошироко, а најубав момент ми е кога со своите соиграчи ќе се гушнеме после секој тренинг или натпревар и силно ќе го извикаме името Вардар.

vardarfans-sampioni-2007

Голем успех направија овие млади момчиња со освојување на приматот шампиони на Македонија. Долг и тежок беше патот за Вардарци, но тие покажаа дека можат да се носат со секого и на крајот заслужено го подигнаа трофејот во детската лига.

-Минатата сезона детската лига ја поминавме сосема успешно и со многу труд и тимска игра ја освоивме шампионската титула. Мојата генерација 2007 се состои од две екипи, Вардар 1 и Вардар 2. Јас и моите соиграчи без разлика во кој тим бевме, игравме со срце за Вардар.

c3

Тренинзите за новата сезона се одвиваат на Академијата, каде децата ги имаат сите услови за нормална работа и тренерирање.

-Подготовките за новата сезона течат успешно со три тренинзи неделно и пријателски натпревари во викендите, а за новата сезона очекувам дека ке ја одбраниме титулата.

Најмладата Вардарова генерација веќе успеа да го освои првиот трофеј во новата сезона и тоа на силниот меѓународен турнир “Фер Плеј куп“ во Охрид. На убедлив начин нашите млади надежи стигнаа до првото место на споменатиот турнир. Во тој период се одржуваше и летниот камп во Охрид.

c4

-Во истиот период кога се одржуваше Фер Плеј Купот во Охрид беше организиран и фудбалски камп од ФК Вардар. За време на кампот и купот, покрај тренинзите имавме дружба со дечиња од Македонија и од соседните држави. Оваа година бевме поискусни бидејќи ни беше второ учество на Фер Плеј Купот. Ја познававме играта на повеќето наши противници а тоа најмногу се покажа со победата врз еден од подобрите екипи Кикер од Србија-Краљево, изјави Марко Киш за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски