Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > (ВИДЕО) Вардаровите младинци и кадети ја исфрлија Шкендија од Купот на Р.М
(ВИДЕО) Вардаровите младинци и кадети ја исфрлија Шкендија од Купот на Р.М

(ВИДЕО) Вардаровите младинци и кадети ја исфрлија Шкендија од Купот на Р.М

Ждрепката посака во првиот меч во фудбалскиот Куп на Република Македонија во кадетска и младинска конкуренција да одиграме дерби со екипата на тетовска ФК Шкендија. Ова беа дуели во рамки на шеснаесетфиналето во кое се играше еден меч кој носеше пласман понатака во следната осминфинална рунда. Младинците на фудбалскиот клуб Вардар продводени од Љупчо Марковски-Калц успеаа да се пласираат понатака со минимална, но важна победа од 1-0, стрелец на единствениот гол беше Александар Најдоски, кој беше доволен за радост на црвено-црните.

Кадетскиот состав на фудбалскиот клуб Вардар предводен од клупата од Влатко Колев исто така успеја да мине понатака со победа во дербито со тетовските врсници. Тие одеа по потешкиот пат,  бидејќи на овој меч победникот беше решен дури по изведувањето на удари од белата точка, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со оној почетен резултат 0:0. Имавме неколку добри шанси да постигнеме гол во регуларните 90 минути, но сепак не бевме ефикасни во завршниот удар. По изведувањето на пенали, победивме со резултат 3:2. За Вардар успешни од белата точка беа капитенот Александар Трајчевски, Никола Серафимов и Христијан Стојчевски, а одбранет пенал имаше Малик Зибери.