Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Да ја завршиме работата уште во Кичево

Да ја завршиме работата уште во Кичево

Попладнево, со почеток во 15 часот и 30 минути ќе бидат одиграни сите први натпревари од 1/8 финалната рунда од Купот на Македонија. Нашиот шампион, тимот на ФК Вардар имаше поволен ждреб за ова 1/8 финале. Вардар го доби второлигашот од Кичево, тимот на Влазерими за противник.

Вардар на овој натпревар важи за апсолутен фаворит, и таа улога мора да ја докаже уште од самиот старт на натпреварот. Вардарци треба уште денеска да ја завршат целата работа, а потоа на реваншот во Скопје да влезат со ладни и мирни глави.

И на оваа средба, исто како во 1/16 финалето, Седлоски ќе ги измеша картите. Се очекуваат неколку играчи кои не добиваат поголема минутажа во првенството, да одиграат денеска. Исто така се очекува по подолга пауза, повторно во стартниот тим да биде Горан Попов.