Ракометниот клуб на Вардар ве повикува на прес-конференција, која ќе одржи денес со почеток од 13 часот во конференциската сала на спортскиот центар Јане Сандански. Повод е натпреварот од СЕХА-лигата, против екипата на Горење Велење. Овој дуел е на програмата во среда на домашен терен од 17:45 часот.
Продолжува силното темпо за нашиот ракометен шампион, кој после триумфот во лигата на шампионите против екипата на Кристијанштад се враќа на настапите во сеха-лигата. Билетите се веќе во продажба и истите чинат само 50 денари.