Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Анастасија Нелоска: Колективната игра на нашата екипа беше пресудна за високата победа

Анастасија Нелоска: Колективната игра на нашата екипа беше пресудна за високата победа

Кадетките на РК Вардар СЦЈС со победа ја започнаа новата натпреварувачка сезона. Тие во првото коло за противник ја имаа екипата на Стружанка, која ја совладаа убедливо со резултат 25:14. Пресудна беше добрата одбрана која ја пружија избраничките на Анжела Платон, дозволувајќи на противникот да постигне само четири гола во првото полувреме. По првиот дел имавме исто така убедливо водство од 15:4. Овој натпревар се одигра во спортско рекреативниот центар Кале. Убедливо најефикасна во нашите редови беше Анастасија Нелоска, која мечот го заврши со дури 11 постигнати голови. Таа за нашиот сајт ги сподели впечатоците од оваа убедлива победа.

-Првиот натпревар во новата сезона ми остави голем впечаток со тоа што постигнавме 25 голови, а противникот остана само со 11 голови. Тоа лично на мене и на цела моја екипа ни даде мотив и уште поголема желба поцврсто и посигурно да чекориме во следните натпревари. Задоволството ми е уште поголемо што во текот на целата утакмица имаше колективна игра, односно имаше одлична согласност помеѓу цела екипа. Оваа сезона очекувам уште подобри резултати и уште многу повеќе постигнати голови. Се надевам дека ќе се пласираме во Ф-4, изјави Анастасија Нелоска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски