Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Есмин Личина: Најважно е да го испочитуваме договореното и да ги слушаме советите на тренерот

Есмин Личина: Најважно е да го испочитуваме договореното и да ги слушаме советите на тренерот

Вардаровите младинци попладнево заминаа за Австрија, каде утре ги очекува првиот натпревар од првото коло во најголемото фудбалско натпреварување, против екипата на Салцбург. Утрово црвено-црните го имаа последниот тренинг на новиот комплекс во населбата Хиподром. Утрешниот натпревар ќе се одигра во градот Гродиг со почеток од 18 часот. Нашите надежи имаат максимални 15 освоени бодови по првите пет одиграни кла во домашното првенство и се наоѓаат во одлична форма. Тука ќе го додаме и триумфот во купот, против тимот на Шкендија, што значи дека се наоѓаме во победнички ритам. Сепак ова ќе биде нешто поинаку од домашните мечеви, нашиот состав за прв пат ќе има можност да игра вакви европски мечеви. Еден од нашите најголеми адути е секако капитенот Есмин Личина, кој има искуство со играње подготвителни мечеви со првиот тим на ФК Вардар. Тој верува дека екипата ќе даде максиум на оној прв меч во Австрија и дека со позитивен резултат ќе се вратиме во Скопје.

licina-2

-Моите очекувања на овој прв натпревар во Австрија се да извадиме поволен резултат, за да можеме на реваншот во Скопје да играме послободно. Ова за нас е голем успех, прв пат во историјата на Македонија една екипа да игра во лигата на шампионите. Горд сум на своите соиграчи, атмосферата во тимот е одлична. Ги аналзиравме утакмиците на Салцбург, ги видовме нивните добри но и лоши страни каде ќе се фокусираме да ги искористиме нивните слабости. Го имаме еден од најдобрите тренери во Македонија, Љупчо Марковски кој не подготви максимално. Најважно е на теренот да го испочитуваме договореното од соблекувалната и да ги слушаме советите на тренерот и мислам дека на крајот ќе биде добро за нас, изјави Есмин Личина за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски