Пред нас е веќе првото коло во ракометната лига на шампиони. Вардарци со победа ја започнаа новата сезона во најголемото ракометно натпреварување. На гостувањето во Шведска, совладана беше екипата на Кристијанштад со резултат 23:28.
ЕХФ го избра идеалниот тим на првото коло во лигата на шампиони. Во него се најде и нашиот Алекс Душебаев кој постигна 7 гола во победата против Кристијанштад. Вака изгледа идеалната седморка:
Голман: Филип Ивиќ (Киелце)
Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)
Пикер: Толга Озбахар (Бешикташ)
Десно крило: Каспер Килделунд (Холстебро)
Лев бек: Фили Талески (Металург)
Среден бек: Кентин Мае (Флензбург)
Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)