Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од денес започнува продажбата на билети за мечевите со Брест и со Горење

Од денес започнува продажбата на билети за мечевите со Брест и со Горење

Од утрово  почнува продажбата на поединечни билети за следните два натпревари на црвено-црниот машки ракометен колектив. Тие ќе сесретнат со  Мешков во Лигата на шампионите, и со Горење во СЕХА Газпром лигата.

Ние во среда сме домаќини на Горење Велење во СЕХА Газпром лигата. Натпреварот е закажан за 17,45 часот во салата во СЦ „Јане Сандански”

Цената на билетите за овој натпревар ќе се продаваат по цена од 50 денари, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и он лајн преку www.ticketplus.mk

На 1 октомври (сабота) од 17,30 часот ќе го играме вториот натпревар од Б групата на лигата на шампионите, против Мешков Брест.

Цената на поединечните билети за овој натпревар се 350 денари за трибина, и 180 денари за секторот стоење.

Билетите може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден во периодот од 10 до 18 часот, или пак он лајн на www.ticketplus.mk.

Повеќе информации може да се добијат и на:
Е-маил: info@ticketplus.mk
тел. + 389 2 2400 075
тел: + 389 2 401 980

Сите иматели на ВАРДАР ПАС картичка ќе можат да ги гледаат овие натпревари, бидејќи ВАРДАР ПАС картичките важат за сите натпревари на машката и женска ракометна екипа, и во тек се замена на ваучерите со пластифицирани картички.