Викендов на Националната Арена Филип Втори Македонски се одржаа натпреварите од финалето на младинскиот куп на Македонија. Вардаровиот атлетичар Петре Завировски настапи надвор од конкуренција бидејки е сениор. Неговата цел беше да ги собори своите најдобри резултати на 3.000 метри и 5.000 метри. Кои изнесуваа 10:03 на 3.000 метри и 17:23 на 5.000 метри поставени пред 3 години.
Завировски покажа фантастични перформанси и со неверојатна леснотија постави одлични резултати. На 3.000 метри истрча 9:32 што е за 31 секунда побрзо од претходниот негов најдобар резултат во оваа дисциплина. Резултат кој е трет најбрз во Македонија за 2016 година. На трката на 5.000 метри постави одлични 16:31 што е за 52 секунди подобро од претходниот негов најдобар резултат. Овој резултат 16:31 е исто така трет најдобар во Македонија за 2016 година. Вардарецот е во одлична форма и сеуште го нема кажано последниот збор оваа сезона!