На деби мечот сезонава за црвено-црните во групната фаза од ЛШ, нашите момци однесоа победа на гостувањето кај Кристијанштад со 28-23. По мечот на стандарднанта прес конференцијата свое видување за мечот даде Раул Гонзалес, тренерoт на РК Вардар, изјави :
Честитки до Кристијанштад. Играа одличен натпревар. На почетокот одигравме добра 5-1 одбрана, но и тие беа одлични во нападот. Потоа сменивме, а имавме и доста лесни голови. Среќни сме дека победивме тука, знаевме дека ќе биде тешко зашто Кристијанштад има млада но надежна екипа, и на сите други екипи ќе им биде тешко да играат на овој терен.
Капитенот на црвено-црниот состав македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов даде изјава како преставник од играчкиот дел во тимот:
Ова е наш прв натпревар во ЛШ. Важна победа за нас, зашто знаеме дека некои од фаворитите од групата тука сигурно ќе загубат бодови. Можеби ние не бевме секогаш добри, но Арпад Штербик беше тука да не спаси.