Mлади фудбалери ФК Вардар беа поразени со 5:0 на своето деби во младинската Лига на шампиони. Ние настапивме со следниве момци на овој меч : Трајчевски, Тодороски, Ричков, Исмаил, Личина, Димков (89′ Дишлиевски), Додевски, Беќири (76′ Најдоски), Димитровски, Стојчевски (70′ Кировски), Петковски.
Вардарци добро го отворија мечот, дури во првите минути го имаа поседот на топката во своите нозе. Салцбург во продолжение успеја да ја превзеде иницијативата . Првата прилика ја имаа во 16. минута кога Бериша шутираше за малку крај голот. Во 21. минута водство на Салцбург. Мејстер го проигра Хаидара кој што погоди во мрежата на Трајчевски. Во 27 минута одново обид на Бериша, и повторно крај голот. Во 33 минута Салцбург погоди преку Хаидара со удар од 20 метри успеа да го совлада Трајчевски за 2:0. Голот за 3-0 го погоди Бериша, тој излезе сам со голманот Трајчевски. Вториот дел почна со обид на Волф. Во 48 минута најдобрата шанса за Вардар. Најголемата прилика за нас беше кога: Петар Петковски излезе сам пред голот на Австријците, шутираше прецизно, но чуварот на мрежата Жинел успеа да го одбрани овој удар. Следуваа две прилики едноподруго на Салцбург во 57 и 58 минута. Најпрво обидот на Дос Сантос го одбрани Трајчевски во корнер, а потоа одново голманот на „црвено-црните“ спасуваше по обидот на Мејсл со глава. Во 66. минута и четврти погодок во мрежата на Вардар. Погоди и капитенот Шлагер после асистенцијата на Бериша. во 88 минута и петти погодок на Австријците. Бериша со неговиот втор гол на натпреварот донесе 5:0, резултат кој што беше и конечен на оваа средба.
.
Реванш средбата е на 19 октомври на Арената „Филип Втори“ во Скопје во 19 часот.