Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардарци генер. “2002“ со предност од 2:1 ќе го започнат реваншот од купот против екипата на Гостивар

Вардарци генер. “2002“ со предност од 2:1 ќе го започнат реваншот од купот против екипата на Гостивар

Вардарците родени “2002“ година денес на академијата го одиграа првиот натпревар од 1/8 на купот против екипата на Гостивар. Избраниците на Петар Ѓорѓиевски со предност од 2:1 ќе патуваат на реваншот во Гостивар. Стрелци на головите беа Азер Омерагиќ и Атом Фазлиу.

Цело второ полувреме и мал дел од првото нашите млади надежи играа со играч помалку, откако нашиот голман Матеј Величковски доби црвен картон. Тоа само ни ја отежна задачата по негативата од 0:1. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме.

Голем резулататски пресврт и подвиг за нашите момци во второто полувреме, кои и покрај играч помалку на теренот успеаа целосно да го надиграат противничкиот тим. Фрливме се на една карта и тргнавме офанзивно кон голот на Гостивар. Таквата можеби игра со ризик ни донесе резултат. Најпрво успеваме да израмниме на 1:1 со голот на Азер Омерагиќ. После овој гол продолживме да ја играме нашата игра и трпеливо да ја градиме секоја акција. Предност од 2:1 успева да донесе Атом Фазлиу кој ја погодува противничката мрежа.

Така со минимално водство ќе го започнеме реваншот од осминафиналето на купот против тимот на Гостивар.