Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Калц одреди кои 11 ќе го играат историскиот меч во Л.Ш за младинци

Калц одреди кои 11 ќе го играат историскиот меч во Л.Ш за младинци

Тренерот Љубпчо Марковски-Калц го одреди  тимот на младинската екипа на Вардар  кој ќе настапи на  стадионот „Унерзберг“ во Гродиг со домаќините на Ред Бул Салцбург во деби мечот во лигата на шампиони за младинци.

На историскиот прво деби на мак.клуб во Лигата на шампионите овие момци ќе бидат во стартниот состав: На голот ќе биде Филип Трајчевски. Во одбраната Тодор Тодороски, Андреј Ричков, потоа стоперите Берат Исмаил и Есмин Личина кој ќе ја носи капитенската лента на овој натпревар. Во средината ќе бидат Дарко Додевски, Теодор Димитровски како последни играчи за врска, потоа Јасир Беќири, Филип Стојчевски и Виктор Димков како поддршка во нападот за Петар Петковски. На клупата за резерви  ќе бидат: голманот Александар Ѓоргиоски, потоа Борјан Тодоровски, Ердон Даци, Едис Хамзиќ, Александар Најдоски, Оливер Дишлиевски и Андреј Кировски. Овој меч е   организиран од страна на УЕФА, па затоа ФК Вардар не е во можност да врши директен видео пренос од овој меч.

П.С Постои еден линк на кој има шанси да има пренос иако со 100 процентна сигурност неможе да се потврди се до почетокот на мечот, истиот може да го најдете – (притисни тука)