Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Победи за Вардар, Киелце и Целје во групата Б, Пик Сегед и Рајн-Некар ги поделија бодовите

Победи за Вардар, Киелце и Целје во групата Б, Пик Сегед и Рајн-Некар ги поделија бодовите

Со победа започна новата сезона во лигата на шампионите за екипата на РК Вардар. Изминатиов викенд се одиграа мечевите по групи од првото коло во најголемото ракометно натпреварување. Во најсилната група Б, во која се наоѓаат црвено-црните, покрај Вардар триумф забележаа и екипите на Целје и Киелце, додека бодовите ги поделија Пик Сегед и Рајн-Некар.

Вардарци по третти последователен пат славеа во дуелите со екипата на Кристијанштад, прв пат во новата сезона. Само во првите десет минути домашниот тим ја имаше предноста, кога на сцена стапи Вардаровиот состав кој за кратко време комплетно го сврте резултатот во своја корист. По првото полувреме имавме водство од 12:15. Во вториот дел истата се зголемуваше, за во еден момент да имаме највисоки 7 голови разлика. Конечниот резултат е 23:28. Душебаев и Хенингсон постигнаа по 7 голови во двете екипи. Голманите имаа посебна вечер, Штербик кај нас со 16 одбрани и Симиќ со 20 интервенции.

-Најинтересниот меч во ова воведно коло се играше токму во Сегед, каде германскиот шампион со звукот на сирената се спасуваше од пораз. Дуелот на крај заврши со нерешен резултат 28:28. По првото полувреме бундеслигашот имаше минимално водство од 12:13. Речиси во текот на сите 60 минути гледавме израмннет ракомет на двете страни, ниедна од двете екипи не се одлепи резултатски, по што до самиот крај беше неизвесен исходот на овој меч. На минута пред крајот Пик Сегед имаше предност од еден гол и напад, кој не успеаа да го реализираат, односно голманот на Рајн-Некар, Апелгрин го скроти ударот. Тоа го искористија гостите кои преку Екдал Де Руиц во последните пет секунди погодија за нерешен резултат на крајот. Горбок кај Сегед и Шмид кај Рајн-Некар беа стрелци на 6 погодоци.

-Сигурен на стартот беше и актуелниот европски шампион, екипата на Киелце кои на готински терен беа подобри од Брест Мешков. Избранците на Талант Душебаев ја оправдаа фаворитската улога и заслужено славеа со резултат 24:29. Во првите 30 минути, шампионот на Белорусија пружаше силен отпор и на одмор замина со предност од три гола (14:11). Сепак во вториот дел Килеце покажа зошто е шампион на Европа и ги доведе работите на место. Новото засилување на голот, Филип Ивиќ беше творец на победата со 15 успешни интервенции. Најфикасен во победничкиот тим беше Лијевски со 6 гола, додека исто толку постигна и Стојковиќ во редовите на Брест Мешков.

-Балканското дерби во оваа група помеѓу Целје и ППД Загреб им припадна на Словенците, кои славеа со резултат 30:28. И тука гледавме интересен и незвесен меч, но сепак домашниот тим повеќе ја посакуваше победата. По првото повреме, Целје имаше водство од 14:13. На средината на второто полувреме резултатот беше израмнет на 22:22, по што Загреб имаше и двајца играчи повеќе на теренот кои не успеа адекватно да ги искористи. Напротив шампионот на Словенија постигнува три гола во серија за водство од 25:22, кое на крајот се покажа како решавачко за конечниот победник. Жвижеј го предводеше Целје со 7 голови, додека во редовите на Загреб се итакнаа капитенот Хорват и Миклавчиќ со 5 погодоци.

Двојките за следното второ коло се:

Вардар – Брест Мешков

Рајн Некар – Целје П.Л.

ППД Загреб – Пик Сегед

Киелце – Кристијанштад