Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Лука Стојковски ја “сруши“ Шкендија, Вардаровата генер. “2003“ подобра од своите врсници од Тетово во националниот куп

Лука Стојковски ја “сруши“ Шкендија, Вардаровата генер. “2003“ подобра од своите врсници од Тетово во националниот куп

Голема радост за Вардаровата генерација “2003“ која денес во куп натпреварувањето беше подобра од екипата на Шкендија од Тетово. Трета наша екипа денес игра на пенали и втора која триумфира по изведување на ударите од белата точка.

Натпреварот се играше на теренот на Академијата, две полувремиња по 40 минути. По првиот дел нашите млади надежи имаа водство од 1:0 со голот на Лео Андрески. Во вториот дел дојде до израмнување на резултатот, откако противникот успеа да ја погоди нашата мрежа. Резултат 1:1 беше актуелен по одигрување на сите 80 минути, по што победникот мораше да биде решен по изведување на пенали. Во последните минути од мечот Шкендија имаше добра шанса, но Дамјан Марковски во псоеден момент спасува од гол линијата. Тука поефикасни беа избраниците на Томче Трајановски.

Во пенал серијата резултатот беше 5:4. Вистински Херој беше голманот Лука Стојковски кој одбрани два уари на Шкендија, но и успеа да реализира еден удар од белата точка. Покрај него погодија уште Петар Давидовски, Влатко Стојановски, Филип Ѓорговски и Дамјан Андреев. Единствено кој не успеа да реализира беше стоперот Дамјан Марковски.

Продолжуваат добрите игри за оваа генерација во новата сезона. За потсетување во лигата имаме максимални 12 бодови, после одигрување на четири кола.