Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар ја поминаа првата пречка во купот, голманот Велковски донесе радост во пенал рулетот

Пионерите на ФК Вардар ја поминаа првата пречка во купот, голманот Велковски донесе радост во пенал рулетот

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се пласираа во следната рунда од куп натпреварувањето, откако денес во 1/16 од купот беа подобри од екипата на Металург. Победникот беше решен по изведување на удари од белата точка.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Велковски, Каркалашев-Трајковски, Ѓорѓиески, Стојчески, Антовски, Пешевски, Адем, Бериша, Дарлишта, Стојановски, Ѓорѓиевски.

Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник 1:1. Први поведоа екипата на Металург со 1:0 и со овој резултат се замина на одмор. Во второто полувреме, Вардарци израмнуваат со гол од пенал, дело на Александар Ѓорѓиески. Се играше еден цврст меч, двете екипи имаа свој период на добра игра, но регуларниот дел не даде победник, по што се пристапи на изведување на удари од белата точка. Тука подобро се снајде екипата на Вардар, која триумфираше со резултат 5:4.

Во пенал серијата прецизни за Вардар беа сите пет играчи за кои тренерот Тодоровски се одлучи да изведуваат пенал. Капитенот Елвир Рамиќ, Јакуп Бериша, Александар Ѓорѓиески, Филип Антовски, Марко Стојчески беа сигурни реализатори во пенал рулетот. Нашиот голман Методија Велковски успеа да одбрани еден удар на противникот, што беше доволен за славје и пласман во следната рунда во ова натпреварување. Тој беше еден од најистакнатите поединци денес и голем двигател на овој триумф. Најпрвин во 15 минута одбрани “зицер“ сам на сам, пресече со нога и глава неколку топки во текот на мечот надвор од казнетиот простор, а одбрани и неколку тешки и опасни удари овој репрезентативен и вардаров “бисер.