Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом. пионери на ФК Вардар се елиминирани од купот, Милано беше посреќен во пенал серијата

Пом. пионери на ФК Вардар се елиминирани од купот, Милано беше посреќен во пенал серијата

Пом. пионери на фудбалскиот клуб Вардар ги завршија настапите во купот, откако денес беа поразени од екипата на Милано. Ова беше дуел во рамките на 1/16 од купот, кој му припадна на противникот дури по изведувањето на удари од белата точка. Во регуларниот дел мечот заврши со нерешен резултат 2:2. Стрелци на головите за Вардар Ахмед Ернур и Михаил Ристевски.

Натпреварот се одигра на академијата, на кој гостите од Куманово на два пати имаа водство. Најпрво поведоа со 0:1, додека до крајот на првиот дел Вардарци со голот на Ахмед го израмни резултатот на 1:1. Со овој резултат се замина на полувреме.

Во вториот дел црвено-црните имаа неколку шанси за постигнување на гол и комплетно да го свртат резултат во своја корист, но сите обиди беа неуспешни. Казната не стигна и Милано повторно успева да поведе со 1:2. Се играше последната минута од мечот кога Михаил Ристевски на голема радост на Вардар успева да израмни на 2:2. Овој резултат беше конечен во регуларниот дел, по што победникот мораше да се одлучува по изведување на пенали, бидејќи се игра само еден натпревар.

По изведувањето на пенали, Милано победи со 3:1, или со вкупен резултат од 5:3. Само Матеј Николов успеа да го реализира пеналот, додека неефикасни беа Филип Манасиевски, Кристијан Чурлинов и Ибрахим Ариф.