Кошаркарскиот клуб Вардар ја има веќе долги години најдобрата младинска школа во земјава , тие освоиа ново признание кое ја потврдува нивната работа. Младите кошаркари на КК Вардар У-16 го освоија златото на 24.то издание на турнирот „Демшар куп” кој се играше во Нови Сад-Србија.
Вардарци во групна фаза од турнирот постигнаа две победи, во првиот меч го совладаа тимот на Војводина со 65:60. Следеше втор дуел , кој пресудуваше за првото место во групата во истиот беа подобри од екипата на КК Будуќност Нови Сад со 76:62. Со таа победа обезбедија и пласман во финалето . Во финалето на турнирот имаа тежок меч, регуларниот дел заврши со реми па се одигра продолжение од пет минути, во екстра периодот нашиот противник Динамик од Белград потклекна. Ние триумфиравме со три поена разлика 65:62. Победата го донесе пехарот кој со момците доаѓа во Скопје.