Wednesday ,17 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мечкаровски ќе го суди дербито со Пелистер, од мечот директен пренос на Сител

Мечкаровски ќе го суди дербито со Пелистер, од мечот директен пренос на Сител

ФФМ ја делегираше судиската четворка за утрешниот натпревар во Маџари помеѓу Вардар и Пелистер. И овој пат, главен судија на дерби пресметката ќе биде скопскиот судија Димитар Мечкаровски. На Мечкаровски ќе му помагаат Неделкоски Дејан и Петрески Гоце, додека пак четврти судија ќе биде Влахо Константин. Делегат на мечот ќе биде Захариев Иванчо од Кочани.

Од овој дуел покрај стандардните стримови ќе може да се следи и директен ТВ пренос на телевизија Сител. Овој медиум со национална фрекфенција од почетокот на сезонава пренесува по еден дуел кој е најинтнересен во колото. преносот ќе започне во 15-00 на Сител-3.