Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Многу лошо второ полувреме, Вардар со минус шест гола ќе стартува во реваншот во Скопје
Многу лошо второ полувреме, Вардар со минус шест гола ќе стартува во реваншот во Скопје

Многу лошо второ полувреме, Вардар со минус шест гола ќе стартува во реваншот во Скопје

Лошото второ полувреме за избраниците на Раул Гонзалес, беше пресудно за високиот пораз. Вардар во вториот дел не се пронајде во својата игра, напротив Полјаците играа фуриозно, потпомогнати од нивните голмани кои имаа одлична вечер. Црвено-црните со негатива со минус шест гола, ќе го започнат реваншот во Јане Сандански. Конечниот резултат беше 32:26.

Мечот започна со вистинска војна на теренот во Плоцк, но и добро за нашиот тим. Полјаците дури седум минути чекаа на својот прв гол. Вардар имаше предност од 0:3, на која Висла одговори во иста мера, за израмнување. Штербик одлично го започна натпреварот, забележа набрзина четири одбрани. Филип Лазаров влегува во игра, и веднаш погодува за 3:4. Полскиот репрезентативец и еден од нивните најдобри играчи, Јуркевич погодува за прво водство на домаќинот. Штербик и Коралес во главна улога на теренот. Карачиќ никако не успева да погоди, овозможувајќи му ја седмата одбрана на противничкиот чувар на мрежата. Душебаев со својот четврти погодок, повторно го враќа водството во наша корист, во тие моменти беше 7:8. Во продолжение следи добра игра на Висла, која успева да направи серија од 3:0, и да поведе со 10:8 во 26 минута од мечот. Понатаму зголемуваат и за нивна позитива од три гола. Со погодокот на Горбок, се заминува на полувреме, со резултат 14:12.

Вториот дел започнува со голот на Јуркевич за повторно да ја имаат најголемата предност од три гола. Ние правиме неколку грешки, кои му овозможуваат лесно на српското крило да погоди за 16:12. Прво Дибиров, а потоа и Марковиќ не успеваат да погодат од седум метри, односно Викари на два пати ги скротува нивните удари. Сепак Карачиќ ја прекинува оваа серија на Полјаците, за 17:13.Голем пад во нашата игра, што му овозможува на Гионеа да донесе убедлива предност за својот тим. Резултатот не изгледаше добро за Вардар, 20:13 беше во 39 минута. Никако не успеваме да го пробиеме нивниот голман Коралес, кој имаше одлична вечер. Дибиров со прекрасен погодок ја прекинува нашата лоша серија. Следува период каде се игра гол за гол, каде домаќинот ја одржува големата предност. Со ракометар повеќе на теренот, успеваме да постигнеме два гола во серија и да намалиме на 24:18. Висла брзо ги враќа оние два наши гола, после тај-маутот кој го побара Каденас. Продолжуваат фуриозните напади за домаќините, со голот на Зеленовиќ имаат превисоки 29:20. До крајот успеавме да намалиме, што сепак дава надеж во реваншот дека можеме да ги надокнадиме овие шест гола. Конечниот резултат гласеше 32:26

Најпрецизен кај нас беше Душебаев со вкупно 10 постигнати гола. На овој натпревар Вардар имаше подршка од околу 100 Комити, кои успеаа да стигнат во салата дури во второто полувреме. Реваншот е закажан за 21-ви март во С.Ц. Јане Сандански. Со полна сала и Комити веруваме дека ќе падне Висла.