Вардарки со победа ја завршија втората групна фаза од ЛШ, и ќе завршат на третото место на табелата. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански беа подобри од екипата на Динамо Синара, совладувајќи ги со резултат 28:27.
Натпреварот не започна добро за нашите девојки. Веќе на почетокот имаме негатива од 0:3. На првиот гол се чекаше до 4 минута, кога прецизно стрелаше Лекиќ. Избраничките на Кастратовиќ полека се враќаат во игра. Првото израмнување се случува во 10 минута. Најдобриот наш играч оваа сезона, Пенезиќ погодува за наше прво водство. Екипата има голема подршка од Амандин Лејно која започнува одлично на голот. По само 12 минути забележа шест одбрани. Ова успешно го искористуваме и со серија од 3:0, се одлепуваме на позитива од три гола 7:4. При еден седмерец на гостинската екипа, Суслина ја менува Лејно на голот, и успева да го одбрани ударот. Вардарки продолжуваат со одличната и брза игра. Повторно Пенезиќ во главна улога, за наша најголема предност во тие моменти 9:5. Лејно продолжува да прави чуда на голот забележувајќи ја 8 одбрана. Во продолжение, Русинките се враќаат во игра, следи нивна серија од 0:3 , намалувајќи на само еден негатива. Дембеле ја прекинува противничката серија, повторно успеваме да поведеме со три гола разлика. Сепак на полувреме се заминува со резултат 15:13.
Второто полувреме започнува со голот на Радичевиќ, а со петиот гол на Пенезиќ го враќаме нашето најголемо водство од четири гола, резултатот беше 20:16. Суслина започнува на голот во вториот дел, и веќе набрзина пронижа четири успешни интервенции. Повторно следи наш пад во играта, тоа го искористува Динамо за да намали на 21:20. Ново само второ израмнување во мечот, се случи во 48 минута, кога на семафарот стоеше 22:22. Петрова го врти резултатот во корист на својот тим. Ихнева со својот трет погодок, повторно донесува израмнување. Следи неизвесна завршница на овој натпревар. Со 12 одбрана на Лејно, и со голот на Пенезиќ, поведуваме со 26:25. Лејно е една од најзаслужните што остануваме во игра за победа. Следи тај-маут на Индира, по кој Алтахус става крај на овој меч. Конечниот резултат гласи 28:27.
Пенезиќ е потворно наша најефикасна ракометарка со 7 гола. Ја следеше Алтхаус која постигна 5 гола. Лејно повторно со одличен натпревар, забележувајќи 13 одбрани.
Вардар со оваа победа го освои третото место на табелата, и во 1/4 ќе се сретне со актуелниот европски првак, екипата на Ѓер.