Екипата на Вардар утре му гостува на Хоризонт од Турново во 14 часот, а нашиот тим ќе биде ослабен поради неиграњето на Бобан Грнчаров, поради пет жолти картони.
Тоа значи дека стоперскиот тандем на утрешниот меч ќе го сочинуваат Таневски, во друштво со Бојовиќ или Најдовски, останува на Андреев да одлучи.
Инаку на овој меч се враќаат Томе Пачовски, Никола Глигоров, и Артур Миранјан.