Вардарци стигнаа до шесттата последователна победа во сеха-лигата, откако пред својата публика беа подобри од екипата на Горење Велење. Црвено-црните покажаа уште еднаш дека се наоѓаат во одлична форма, имајќи предност против вицешампионот на Словенија во текот на целиот меч. Уште на еден дуел стигнавме до бројка од 40 постигнати голови, што говори за нашата супериорност во нападот. Сите играчи со исклучок на голманите и Марсениќ успеа да се запишат во листата на стрелци. Тренерот Гонзалес им даде подеднаква шанса за настап на сите ракометари, кои беа на располагање на овој натпревар. Во составот на Горење беше и поранениот играч на Вардар, Матјаж Брумен кој беше најефикасен во својот состав со 6 погодоци. За официјалнатата страна на СЕХА-лигата, свои видувања од натпреварот дадоа Брумен и Абутовиќ.
-Знаевме каде гостуваме и што не чека во Скопје и што значи Вардар во Европа. Се договоривме пред почетокот на мечот дека немаме што да загубиме и дека мора да одиграме добро. Сепак не тргнавме како што треба, можеби некои играчи беа под притисок. Во второто полувреме мислам дека одигравме подобро, но сепак Вардар не играше со сите сили на овој меч. Му посакувам многу среќа на Вардар на настапите во лигата на шампиони и се надевам дека оваа сезона ќе стигнат на завршниот турнир во Келн, рече Матјаж Брумен.
Илија Абутовиќ на нов меч мораше да покрива на позицијата лево крило, на која успешно се снајдува. Повторно успева да се се запише во листатата на стрелци и да постигне еден гол
-Уште еднаш покажавме дека сме во налет и добра форма. Ова ни беше шестта последователна победа во сеха-лигата. Ова ни беше како еден тест пред натпреварот во лигата на шампиони во сабота, против екипата на Брест Мешков. Мора да победиме бидејќи играме пред нашите навивачи. Со Горење добро одигравме и во нападот и одбраната и мислам дека сме добро подготвени за саботниот дуел против шампионот на Белорусија, истакна Илија Абутовиќ.