Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар дојде до првата победа дома во Л.Ш, совладан Мешков
Вардар дојде до првата победа дома во Л.Ш, совладан Мешков

Вардар дојде до првата победа дома во Л.Ш, совладан Мешков

Вечерва во спортскиот центар “Јане Сандански“ нашиот црвено-црн машки ракометен колектив го одигра второто коло во ЕХФ шампионската лига. Во истиот се сретна со познаникот од СЕХА регионалната лига , екипата на  Брест Мешков, ние излеговме победници од овој меч со 31-27, на полувреме резултатот беше нерешен, 13-13.

rk

Мечот почна со две водства на гостите , сепак двапати се враќавме со головите на Алекс Душебаев. Гостите успеаа да погодат двапати по ред и се одлепија на 2-4, што беше сигнал вардаровата клупа да побара минута одмор заради консолидација на своите редови. Што резултираше со намалување на резултатот преку Душебаев. Гостите погодуваат за 3-5 а ние со серија 3-1 , со два гола повторно на Душебаев и еден на Шишкарев изедначуваме на 6-6. Гостите од тимот на Брест Мешков кои се доста инспирирани се обидуваат и успеваат да се одлепат повторно, тие прават серија 2-5 и во 21 минута поведуваат со 8-11 што е најголема наша негатива во тој дел од мечот.  Во продолжение по два гола на двете страни, резултатот повторно е “минус три“ за нас , 10-13 стои на семафорот во  СЦ “Јане Сандански“ . Веднаш потоа погодуваме двапати по ред преку Борозан и Шишкарев за 12-13 што веднаш резултира со тајм-аут за  гостите од Брест. Тоа им се покажа контра продуктивно бидејќи , успеваме да се одбраниме и преку Лука Циндриќ израмнуваме на 13-13 по 6-6 првпат сме на реми исход. Докрај останаа повеќе од 140 секунди,  двата тима успеаа да промашат  по неколку прилики и на одмор се заминува со  резултатот од 28.минута , 13-13.

rk3

Вториот дел започна со погодок на гостите, тие тргнаа во нова офанзива. Сепак ние го имавме расположениот Вуко Борозан кој денес покажа каков квалитет поседува. Тој постигнува два гола , еден постигнуваат гостите за резултат 15-15. По овој резултат се отвори црвено-црниот вулкан, и силно еруптираше. На голот блесна Џамбо, ние направивме серија 5-0 , погодуваше Борозан, Македа и Чупиќ за комотно водство од 20-15, се смени сликата сега вардарци го диктираа темпото, а гостите беа подреден тим.  Во продолжение по два гола на двете страни , резултатот беше 22-17, од судиите гостинскиот играч атман доби црвен картон.  Гол за гол во продолжение, предноста “плус пет“ сеуште постои, 25-20 е резултатот во 20.минута од дуелот.  Мечот доби постојан тек, во 25 минута водиме со 29-24, вардарци умно со сигурна игра го чиваат и одржуваат комотното водство до пет погодоци со кои влегуваат во последните пет минути од мечот. Доаѓа до опуштање во нашите редови и неколку, грешки гостите тоа го користата и со серија 0-3 намалуваат на 29-27 во 29 минута. Лесно ја надминавме оваа криза и на крај триумфиравме со 31-27. Најдобри стрелци кај нас беа Душебаев со  9 гола и Борозан со 7 гола.