Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борозан и Раул: Триумфот беше тежок, ние сме задоволни и се надеваме дека ќе продолжиме со победите
Борозан и Раул: Триумфот беше тежок, ние сме задоволни и се надеваме дека ќе продолжиме со победите

Борозан и Раул: Триумфот беше тежок, ние сме задоволни и се надеваме дека ќе продолжиме со победите

Вардар однесе победа во првиот меч дома во Л.Ш , ние бевме домаќини на Брест Мешков во истиот. Машите момци го скршија отпорот на гостите во вториот дел и однесоа победа 31-27, на полувреме беше 13-13. На пресконференцијата својот став го кажа тренерот на црвено-црните Раул Гонзалес, тој изјави:

Сакам да и честитам на екипата на Брест Мешков за одиграниот дуел. Mоите стравување пред овој меч се покажаа како точни. Првото дел имавме доста проблеми, многу грешки и слаба игра во одбрана. Се решив да ја сменам одбраната во 5-1 и тоа даде резултат, па так на паузата заминавме со реми. Второто полувреме беше супер за нас, Мешков имаше доста потешкотии, а ние на чело со Милиќ и реализирани неколку контри се одлепивме на 4-5 гола разлика што беше и клучно. На крај јас сум задоволен бидејќи беше многу тежок натпревар. 

Од играчите присутен беше човекот кој го инспирираше овој триумф во вториот дел Вуко Борозан, тој беше најдобар поединец на теренот во вториот период. Борозан за овој дуел во шампионските лига изјави:

Сакам да се заблагодарам за борбеноста на мојте соиграчи, и сакам да им посакам среќа на екипата на Брест Мешков во понатамошните мечеви во Лигата на Шампионите. Ние се надеваме дека ќе продолжиме и понатака со добрите игри.