Рускиот репрезентативец и левото крило Тимур Дибиров ја игра својата четврта сезона во дресот на Вардар. Тој заедно со уште неколкумина Руски играчи пристигна во Скопје во периодот кога клубот го превзема господинот Сергеј Самсоненко. Дибиров беше најефикасен играч на Вардар во изминативе три сезони во лигата на шампиони. Засега има постигнато 234 гола за црвено-црните во најголемото ракометно натпреварување. Идентични 78 гола постигна во сезоните 2014/15 и 2015/16. Вистински “волшебник“ на ракометната игра, кој воодушевува со своите атрактивни голови.
Погледнете ги најубавите 10 гола на Дибиров во дресот на Вардар