Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2008 со победа во дербито над Форца, стигна до три од три сезонава
ФК Вардар генер.2008 со победа во дербито над Форца, стигна до три од три сезонава

ФК Вардар генер.2008 со победа во дербито над Форца, стигна до три од три сезонава

 Денес на теренот на ФК Работнички во градски парк, се одигра дуелот во детската лига за генерација 2008. Во дербито се сретнавме со ФК Форца, во еден тежок дуел избраниците на Павел Неделковски , ФК Вардар генерација 2008 издвојува тесна и заслужена победа од 4-3, на полувреме мечот беше нерешен 2-2.

Почнавме офанзивно во овој дуел кој за оваа возрасна генерација се игра 4+1, и први дојдовме до водство. По изведена корна од левата страна топката дојде до Ненад Дамјановски кој силно по земја погоди за водство од 1-0. Цело време ние напаѓавме трагајќи по втор погодок на дуелот. Успеваме повторно да погодиме преку истиот играч, Ненад Дамјановски беше во соло продор кој успеа да исфрли два играча и голманот на Форца, и погодува за 2-0. Ние напаѓавме постојано, сепак нашите противници успеаа да намалат на 2-1 со еден сосема случајен погодок. Во продолжение имавме прилика преку Илија Митаноски кој не успева да зголеми на 3-1. Нашиот голман имаше две успешни интервенции во продолжение, сепак до крајот на првиот дел гостите постигнуваат гол за 2-2, резултат со кој се замина на одмор.

Второто полувреме тргна тврдо, со многу цврста игра на двете екипи, момчињата гинеа за секоја топка. По грешка на нашиот голман Лука Грчевски примаме гол за 2-3, сепак ова момче во продолжение ќе биде инспиратор на пресвртот. По примениот гол тој брани фантастично три топки одржувајќи не во игра и недавајќи да се зголеми предноста на Форца. По негова интервенција одлично проигрува напред до Ненад Дамјановски кој повторно е во соло продор и погодува одлично за 3-3. Форца е сериозна екипа која постојано напаѓа , имаа уште неколку прилики сепак Лука беше неприкосновен на нашиот гол. Играме офанзивно со цел да постигнеме гол за пресврт и да поведеме,а со тоа и да го добиеме дуелот. Одлично напред прифаќа топка денес најдобриот и трикратниот стрелец Ненад Дамјановски кој шутира силно во стативата, топката доаѓа до Киш Матеј кој погодува за 4-3. Со тој резултат се заврши мечот , однесовме нова трета по ред победа во исто толку дуели оваа деби сезона за оваа генерација.