Каде и да игра нашиот првак има поддршка. Овој пат, нашиот тим го бодреа повеќе од 50-сетина навивачи кој живеат во Словенија. Како што можевте да забележите и низ директниот пренос, нашите навивачи со македонски знамиња и обележја на Вардар беа на неколку локации низ салата.
Поддршката и навивањето се слушна на неколку наврати во текот на преносот од Словенија. Очекуваме в недела Вардар да има голема поддршка и во нашата сала, против унгарскиот вицешампион, тимот на Пик Сегед.
Фото: Славко Колар