Во вардаровата фудбалска школа има голем дел на квалитетни поединци еден од нив е и членот на пионерската екипа на ФК Вардар која е двоен шампион на Македонија, репрезентативецот Марко Ѓорѓиевски. Колку квалитетно се работи во нашата Академија покажува токму тој , кој е најдобар стрелец во младинските конкуренции на државно ниво.
Младиот Марко Ѓорѓиевски во моментот е на проба во Сојузна република Германија. Тој вчера го одработи првиот тренинг во Бохум каде е на проба, германците се увериле во неговите квалитети сепак останува да се одработат уште неколку денови и да се види што понатака со овој квалитетен вардаров играч , дали ќе ја менува или не средината. Неговите квалитети се веќе увидени затоа има покана и од екипата на холански Гронинген кој исто така сака да види со што се располага овој “вардаров бисер“. Марко е еден од “моторите“ на вардаровиот пионерски погон кој лани дојде, а годинава граби кон “двојната круна“. Тој исто така настапуваше и за кадетите на последните куп натпревари кога се впиша во листата на стрелците.