Пред повеќе од 25 000 присутни на арената „Филип Втори“ го прославија големиот успех на младата репрезентација на Македонија и пласманот на Европското првенство 2017 во Полска.
Дел од селекцијата беа четири црвено црни фудбалери. Вардарците Николов Бобан , Велковски Дарко и голманот Алексовски ги одиграа историските 90 минути со Шкотска. Младиот Петковски Петковски беше на клупата. Сите тие црвено-црни момци вградија дел од срцето во овој успех. Исто така покрај честитките до нашите момци упатуваме и до остатокот од тимот и до поранешниот вардаров тренер , селекторот Боби Милески.
ЧЕСТИТО ЈУНАЦИ!